Како да направите враќање на производи?

Нудиме 30-дневен период за поврат на online купувања (од датумот на прием). Повратот е бесплатен и се спроведува во нашите продавници. Вратените производи мора да бидат во нивната оригинална состојба, со сите оригинални етикети и без траги на користење. Ве молиме прикачете ја и фискалната сметка со вашиот поврат. 

Вашите артикли можете да ги вратите следејќи ги инструкциите подолу:

Поврат во локална продавница
Земете ги производите со себе во локалната продавница, како и вашата фискалната сметка (прикачена за вашата нарачка). Ако ја изберете оваа опција за поврат нема потреба од креирање на формулар за поврат.

Преку курирската служба Милшпед

  1. Пополнете го електронскиот формулар за враќање, достапен на вашиот профил.
  2. Спакувајте ги производите – можете да го користите истото пакување во кое ги добивте. Во тој случај, отстранете ја старата етикета од пакувањето пред да ја залепите новата. Не заборавајте да ја приложите и фискалната сметка.
  3. Курирот од логистички провајдер Милшпед/курир Мик Мик ќе ја подигне пратката со новата етикета на денот што е назначен во формуларот за враќање.
  4. Не заборавајте да добиете потврда за испраќањето.

За да создадете формулар за враќање, треба да ги следите следниве чекори:

  1. Одете на вашиот профил и кликнете „Моите нарачки“.
  2. По кликнувањето на нарачката која сакате да ја вратите, во делот „Детали“ ќе го видите копчето „Враќање“.
  3. Изберете ја опцијата за враќање „преку курир“.
  4. Следниот чекор е да го означите производот за враќање и да кликнете на копчето „Испрати“.

Поврат на ваш трошок
Повратот може да се реализира на ваш трошок:
Пополнете го формуларот за електронско рефундирање достапен на вашиот профил. Спакувајте ги производите, можете да го користите истото пакување во кое ги имате добиено производите. Во тој случај треба да ја отстраните постоечката налепница од испораката пред да се залепи новата. Ве молиме прикачете ја и фискалната сметка со вашиот поврат.

Пакетот испратете го на: 

HOUSE East Gate Mall
Беласица 2
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Важно!

Задржете го како доказ праќањето по пошта се додека вашиот поврат не биде решен. Овој документ потврдува дека сте ни го пратиле пакетот.

Согласно на нашата политика на поврат, рефундирањето ќе биде спроведено во рок од 14 дена од датумот на прием во нашиот склад.

Имајте во предвид дека нема рефундирање во готовина за online нарачки.

Замени

Не правиме замени. Доколку сакате да смените некој производ за различна боја/големина, треба да ги вратите артиклите со помош на процедурата подолу и да направите нова нарачка за саканата боја/големина.

Ажурирање на Политиката на приватност

Постојано бараме нови решенија за да можеме подобро да одговориме на вашите очекувања во текот на користењето на на нашата web-страна. Ја почитуваме вашата приватност и се грижиме за заштитата на податоците и затоа, заради ажурирање на функционирањето на web-страната, ве молиме да ја прочитате новата верзија на Политиката на приватност , каде се дадени правилата за постапување со личните податоци, обемот на нивната обработка и правата и обврските кои ги имате во тој однос.

Политика на приватност
  1. Администраторот на Личните податоци (во понатамошниот текст APD) е: ЛПП МАЦЕДОНИА ДООЕЛ со седиште во бул. Партизански Одреди бр.14/1-1 локал 2, 1000 Скопје, Република Северна Македонија, ЕДБ: 4080019584370;
  2. Може да го контактирате службеникот за Заштита на податоци (во понатамошниот текст DPO) на e-mail адресата: dataprivacy@lpp.com или по пошта на адреса на APD дадена погоре;
  3. За работи кои се однесуваат на вашите лични податоци можете да не контактирате на следната e-mail адреса: support.mk@housebrand.com;
  4. Вашите податоци ќе бидат обработени врз основа на вашата експлицитна согласност за целите да ви праќаме комерцијална информација (newsletter) за тековните промоции, ажурирања на производи и услуги за брендовите кои припаѓаат на LPP (Reserved, House, Sinsay, Mohito, Cropp);
  5. Личните податоци ќе бидат обработени се додека не ја повлечете вашата согласност за претплата на newsletter;
  6. Со вашите согласности може да управувате од секцијата „Моја сметка“, ако сте регистриран корисник во нашата online продавница.